Во наредните денови ќе следат многу активности и настани, ќе направиме сѐ што е во согласност со Уставот и законите за да спречиме капитулација на државата, рече генералниот секреатар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на протестниот марш во Битола.
– Ние сме најголема партија во Македонија, без разлика што сме опозиција, ќе продолжиме да делуваме за добробит на сите граѓани и заштита на националните интереси на Македонија, рече Јанушев и додаде дека ќе направат и преземат сѐ што е можно за да го спречат менувањето на името.
Како што истакна тој, црвената линија на ВМРО-ДПМНЕ е дека не се согласуваат на промена на Уставот со цел промена на уставното име.
– Тоа што денес се случи е класична капитулација. Ова е еден приватен договор на премиерот Зоран Заев кој што се обидува да го наметне на македонската јавност и на целата држава, заклучи Јанушев.