дома Актуелно Љупче Николовски му подготвува пуч на Зоран Заев во СДСМ?

Љупче Николовски му подготвува пуч на Зоран Заев во СДСМ?

„Млад премиер, млад претседател, млад градоначалник“ е пораката испишана на ФБ постот на Љупчо Николовски, на која се гледаат вицепремиерот за борба против корупција, претседателот на општинската организација на СДСМ во Крива Паланка и кандидатот за градоначалник.

Лошите рејтинзи, незадоволството од партиското раководство, но и разочараните членови на СДСМ кои деновиве јавно ги кинат членските книшки од партијата, почнаа да ги потхрауваат и амбициите за превземање на лидерската позиција во владејачката партија.

Немањето внатрепартиска кохезија, се должи и на меѓусебните обвинувања околу одговорноста за слабите резултати на терен, комфорноста на партиските функционери но и поради „неправичната“ распределба на буџетски средства преку тендери.

Љупчо Николовски е првиот кој и јавно ги истакнува аспирациите за превземање на лидерската позиција во СДСМ, иако срамежливо, информациите на Инфомакс говорат дека вицепремиерот за борба со корупција веќе и активно е вклучен во внатрепартиска кампања за собирање на делегати кои би требало да го поддржат на следниот партиски конгрес.