дома Македонија ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: 100.000 гласа на изборите се американска помош за невладината организација...

ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ: 100.000 гласа на изборите се американска помош за невладината организација СДС

Освен албанските гласови за СДСМ кои го казнуваат ДУИ, а што прествуваше и своевиден изборен инженеринг на американскиот амбасадор во Македонија Џејс Бејли, постојат уште и 34.000 гласа кои од 1990 година до ден денеска воопшто не гласале. На изборите на 11 декеври 2017, сите до последен гласале што преставува заокружување на бројката од 100.000 гласа американска помош за невладината организација СДС“, изјави Љупчо Палевски поранешен претседател на градската конференција на СДСМ, за саботното издание на Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.

Поранешниот висок фунционер на СДСМ објаснува: „Ваквата ситуација Американците ја открија при чистењето на избирачкиот список и затоа нормално го употребија за да брутално го скројат резултатот како што го скроија и да го има овој конечен лик и епилог“ нагласува Палевски.

Според Палевски: „Иницијативата За заедничка и Македонија и натаму ќе добие во интензитет, зошто Зоран Заев продолжува да биде генератор за конфликите меѓу Македонците“, нагласува Палевски.