дома Занимливости ЌЕРКАТА НА ЗАЕВ, ЌЕ ЗАЧЕКОРИ НА МОДНА ПИСТА: Александра Заева ќе чекори...

ЌЕРКАТА НА ЗАЕВ, ЌЕ ЗАЧЕКОРИ НА МОДНА ПИСТА: Александра Заева ќе чекори по модната писта во хуманитарен настан

Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, ќе зачекори на модната писта во знак на поддршка на лицата со попреченост, на хуманитарниот настан во организација на здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица – објавува „Фокус“

Настанот ќе се случува во хотел Вила Парк во Струмица на 2 декември, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, а од организацијата веќе го потврдија учеството на Александра, која е ученичка во четврта година во СОУ Јане Сандански.

-Драго ми е што Александра е дел од овој хуман настан, кој годинава ќе се одржи по втор пат. Се надевам дека манифестацијата ќе стане традиција и ќе допринесе во менувањето на јавната свест и подавањето рака на сите, без оглед на различностите. Јас оваа година нема да бидам дел од придружбата на малите модели на модната писта, но секако дека ќе бидам во публиката и ќе бодрам нашите мали херои – изјави Зорица Заева за ,,Фокус”.