дома Македонија ЌЕ ГО ВРАТИ ЛИ ЗАЕВ МАНДАТОТ: Дали премерот Заев подговотвува терен за...

ЌЕ ГО ВРАТИ ЛИ ЗАЕВ МАНДАТОТ: Дали премерот Заев подговотвува терен за враќање на мандатот и избор на нов состав на Владата?

Дали премерот Заев подговотвува терен за враќање на мандатот и избор на нов состав на Владата?


По вчерашната партиска чистka и најавата за смена на најмалку 3ца министри, политичките аналитичари оценуваат дека целосен реизбор ќе биде политички поедноставен чекор, а Заев полесно ќе може да се справи и со очигледниот отпор на коалициските партнери.

Арсовски и Муслиу за Сител, велат дека смената на целото партиско раководство е храбар, но и најлесен чекор. Очекуваат Заев и Ахмети да изнајдат заеднички јазик и истото ова да го пресликаат и во извршната власт.

Сепак без ралика дали ќе се оди на смена на целиот владин состав или поединечни функционери, политичките аналитичари велат дека пораката која граѓаните ја испратија и до СДСМ и до ДУИ е дека очекуваат промена на работењето на Владата и конкретни проекти, а не само смена на кадри.