дома Македонија ЌЕ ИМА ЛИ ОСТАВКИ: Заев се врати од Брисел, во моментов е...

ЌЕ ИМА ЛИ ОСТАВКИ: Заев се врати од Брисел, во моментов е на политички консултации во Влада

Зоран Заев се врати од Брисел, и во моментот е во Владата, каде има политички консултации со министрите, пишува „СДК “, повикувајќи се на извори од владата.

Тие велат дека ги следат случувањата во Брисел, дека се во контакт со некои странски државници и се разгледуваат и анализираат сите опции, вклучително и оставка на Зоран Заев и враќање на мандатот.

Според порталот, од утрово има консултации и во партиското седиште на СДСМ.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, денеска испратил покани до лидерите на политичките партии за средба во Вила Водно в недела.