дома Македонија ЌЕ НЕ ПРЕСЛУШУВА НОВА АГЕНЦИЈА: ОТА го доби својот прв директор

ЌЕ НЕ ПРЕСЛУШУВА НОВА АГЕНЦИЈА: ОТА го доби својот прв директор

За прв човек на агенцијата Оперативно техничката агенција, ќе биде поставен Зоран Ангеловски, дознава Телма. Засега официјална потврда на ваквата информација нема, освен што премиерот Заев денеска потврди дека веќе е донесена одлука и дека станува збор за професионално решение, договорено меѓу власта и опозицијата.

Според информацијата на Телма, Ангеловски се очекува денеска да биде изгласан на седницата на комисијата за избори и именувања. Од малкуте информации што ги има за Ангеловски тој предходно работел во УБК.