дома Русија ЌЕ ПАЃААТ И САТЕЛИТИ: „Рудолф” и „Тирада-2С” двете нови орудија на Руската...

ЌЕ ПАЃААТ И САТЕЛИТИ: „Рудолф” и „Тирада-2С” двете нови орудија на Руската армија за соборување на сателити!

Руската Федерација прави најново оружје за уништување на сателити, соопшти еден научен институт на Министерството за одбрана на РФ.

Како што истакна Олег Ачасов, заменик-начелник на 46 Централен научноистражувачки институт, работата на овој проект ќе биде завршена во рамките на програмата за вооружување за 2018-2027 година.

Тој изјави дека РФ ги создава „мобилниот офанзивен противсателитски систем „Рудолф“ и мобилниот систем за радиоелектронско неутрализирање на комуникациски сателити „Тирада-2С“, пишува порталот Interfax.ru.

Засега подателни информации не се изнесуваат во јавност.