дома Економија ЌЕ ПОСКАПУВА СТРУЈАТА: Со новиот закон за енергетика ќе се зголеми цената...

ЌЕ ПОСКАПУВА СТРУЈАТА: Со новиот закон за енергетика ќе се зголеми цената на струјата?

Со новиот закон за енергетика домаќинствата ќе излезат на слободен пазар и сами ќе одлучуваат кој ќе ги снабдува со струја. Во игра ќе бидат повеќе трговци кои ќе нудат различни услови. Но тоа не е гаранција дека цената нема да поскапи.

Никој не може да гарантира дека либерализацијата нема да ја поскапи струјата. Од владата тврдат дека тоа нема да се случи, но експертите се сомневаат.

Се останува на пазарните услови- од тоа како ќе се движат цените на енергенсите на светските берзи. Ако таму има бранувања тие не може да се избегнат.

Со новиот закон за енергетика кој наскоро треба да биде изгласан во собрание се предвидува домаќинствата за парно да плаќаат онолку колку што потрошиле. Димитров со препорака до купувачите да не купуваат станови во згради кои имаат само еден мерач – долу во подстаницата.