дома Свет ЌЕ СЕ ГРАДИ ГАСОВОД ИРАН-ПАКИСТАН-ИНДИЈА: Русија ќе завладее со нафтената индустрија во...

ЌЕ СЕ ГРАДИ ГАСОВОД ИРАН-ПАКИСТАН-ИНДИЈА: Русија ќе завладее со нафтената индустрија во средниот и блискиот Исток

Компании од Русија и Иран ќе формираат заедничко претпријатие за испорака на гас и за изградба на гасовод Иран-Пакистан-Индија, рече во вторникот рускиот министер за енергетика Александар Новак по средбата на руско-иранската меѓувладина комисија

„Деталите се разработуваат, но овој проект ќе биде реализиран со заеднички сили“, изјавил Новак.

Според неговите зборови, тоа е е проект за испорака на гас и изградба на инфраструктура. Во изградба на проектот ќе учествува „Гаспром“, како и индиски и пакистански компании.

Во ноември „Гаспром“ и иранската фирма НИОЦ потпишаа Меморандум за разбирање кој овозможува компаниите да започнат со припрема на техничко-економски основи за проектот на гасоводот од Иран до Индија, преку Пакистан.

Новак, исто така, наведува дека Русија и Иран практично договориле руските компании да работат на иранските нафтени извори во Абан, Западен Пејдар и Јаран.