дома Македонија ЌЕ СЕ ОДИ И ГОДИНАВА НА МОРЕ: Филипче откри што ќе ни...

ЌЕ СЕ ОДИ И ГОДИНАВА НА МОРЕ: Филипче откри што ќе ни биде потребно за патување во Грција

Министерот за здравство Венко Филипче откри кога македонските граѓани ќе можат да патуваат во Грција и какви документи ќе им бидат потребни.


Ние спремивме документ кој ќе треба да се разгледа во текот на оваа недела. Кога ќе го разгледаме оваа недела, верувам дека ќе го најдеме и заедничкиот начин за соработка, а потоа тој документ ќе се даде и на други земји соседни. Многу наши граѓани ќе сакаат да патуваат во Грција, многу нивни граѓани ќе сакаат да дојдат кај нас. Така да, разговаравме за тоа, ќе го спремиме документот, ќе го разгледаат стручните лица и начинот на движење на граѓаните, поминување на границите ќе биде финализиран објасни Филипче за Сител.