дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА?: За утре закажана седница на Советот...

ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА?: За утре закажана седница на Советот за бeзбедност

Утре, 30 мај 2020 година, сабота, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за бeзбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на јавниот сервис, Facebook и YouTube каналот на Претседателот.

Во согласност со препораките за зaштита од КОВИД-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, пред „Вила Водно“.