дома Европа ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК: Меркел утре во еднодневна посета на...

ЌЕ СЕ РАЗГОВАРА ЗА БЛИСКИОТ ИСТОК: Меркел утре во еднодневна посета на Москва

Германската канцеларка Ангела Меркел на Москва, на 11 јануари, ќе замине во еднодневна посета на Москва, изјави во петокот портпарол на германската амбасада во Русија за ТАСС.

„Канцеларката ќе остане во Москва само еден ден, рече портпаролот како одговор на прашањето.

Како што изјави портпаролот на амбасадата, на Меркел ќе и се придружуви германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас. На агендата на средбата на германската канцеларка со рускиот претседател Владимир Путин се очекува да бидат опфатени случувањата во Сирија, Либија, Иран, Ирак и Украина.