дома Македонија ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЛИ РЕМЕНСКИ: Рамчиловиќ кој гласаше за Северна ќе го...

ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ЛИ РЕМЕНСКИ: Рамчиловиќ кој гласаше за Северна ќе го унапредат во потпретседател на Собранието

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ од 1-ви ноември во законодавниот дом ќе дејствува како независен пратеник. Тој излегува од пратеничката група на осумте пратеници, кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по гласањето за уставните измени, со цел имплементација на Договорот од Преспа.

ТВ21 од свои собраниски извори дознава дека Рамчиловиќ наскоро ќе биде предложен за потпретседател на Собраниет. Предлогот ќе стигне од парламентарното мнозинство, односно СДСМ и ДУИ.

Се очекува и да биде избран на оваа позиција. Во моментов потпретседатели на законодавниот дом се Горан Мисовски и Фросина Ташевска Ременски. Според уставот, Собранието од актуелниот состав на пратениците избира еден или повеќе потпретседатели.