дома Политика ЌЕ ЈА ПРАВАТ „ГОЛЕМАТА“: Ахмети губи контрола на партијата – Груби со...

ЌЕ ЈА ПРАВАТ „ГОЛЕМАТА“: Ахмети губи контрола на партијата – Груби со план за спас кој може да предизвика кpвaвa пресметка!

Кичевскиот градоначалник и воен другар од времето на тepopистичката УЧК Фатмир Дехари и екс-пратеникот Рафиз Алити биле единствените двајца кои застанале во „одбрана“ на вицепремиерот Хазби Лика на состанокот на претседателството на ДУИ на кое како организационен секретар беше назначен Артан Груби, пренесува Плусинфо – функција која до саботата ја имаше токму Лика.

Освен Лика, партиската функција ја загуби и Абдулаќим Адеми на чие место како генерален секретар на партијата застана Атила Реџепи.

Столчето на организацискиот секретар беше празно три години бидејќи Лика самиот си поднесе оставка. Сепак, на состанокот Дехари и Алити побарале да му дадат уште една шанса, но тоа не поминало на Централното претседателство – пренесе Плусинфо.

Но именувањето на новите секретари најверојатно нема да значи и смирување на страстите во ДУИ, информираат од порталот. Партиски извори за Плусинфо брифираат дека допрва се очекува судир помеѓу организацискиот секретар Груби и потпретседателот Меџити за организацијата и дејствувањето на партијата.

За да се соочи со губењето на контрола врз партијата, Али Ахмети најеројатно ќе го задолжи Артан Груби да се справи со раководствата во „проблематичните“ ограноци на ДУИ во Чаир, скопски Сарај, Кичево, Дебар со назначување на в.д претседатели кои ќе му бидат послушни на партискиот шеф Ахмети.

Ваквата најава значи и ризик од внатрепартиски превирања, кои за разлика од оние во македонкиот блок, често значат и каубојски методи во кои се губат и човечки животи.