дома Македонија „ЌОСИЊАТА“ СО ОДГОВОР ДО ЗАМИР МЕХМЕТИ: Тука сме, а можеби и ние...

„ЌОСИЊАТА“ СО ОДГОВОР ДО ЗАМИР МЕХМЕТИ: Тука сме, а можеби и ние ќе дојдеме кај тебе!

Братот на Ермира Мехмети, Замир Мехмети денес намерно се обидел да предизвика инцидент преку провоцирање на членовите на Патриотското здружение „Андон Лазов Јанев – Ќосето“

 

Замир Мехмети, инаку брат на екс-пратеничката Ермира Мехмети за која беше објавена аудио снимка со експлицитен материјал од наводна афера со висок функционер на ДУИ, денес се пофали на ФБ дека отишол кај „Ќосињата“ ама таму немало никој, обидувајќи се да предизвика инцидент преку провокација.

Од здружението реагираа веднаш, па екс-командирот на елитната специјална единица „Лавови“ Горан Ангелов, инаку претседател на здружението му одговори.

– Тука сме треба само да тропнеш. А можеби и ние ќе дојдеме кај тебе. Ама немој после да се предомислиш. Нели? – напиша Ангелов на својот ФБ профил.