дома Македонија ЏАФЕРИ ВО ТИРАНА: Ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за членство во...

ЏАФЕРИ ВО ТИРАНА: Ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО во Албанија

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска ќе отпатува во работна посета во Република Албанија.

Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија на утре ќе присуствува на пленарната седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.