дома Македонија ЏАФЕРИ: За овие избори проверив дали ме има на избирачки список

ЏАФЕРИ: За овие избори проверив дали ме има на избирачки список

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Таљат Џафери утрово гласаше во селото Форино со неговата сопруга. Пред да дојде на избирачкото место се информирал и го проверил избирачкиот список за да види дали се наоѓа во него, бидејќи, како што рече, за референдумското изјаснување го немало.

– Значењето од излегување на избори и од аспект да се биде избран и да се избира е една од темелните вредности и е право кое секој граѓанин треба да го искористи. Овие избори обезбедуваат една од функциите во државата и ја обезбедуваат функционалноста на државата со што треба да се обезбеди стабилност во политичкиот живот во земјава. Воедно посакувам изборите и целиот процес да течат мирно и како што започна утрово, така и да заврши. На кандидатите им посакувам среќа и на оној кој ќе добие мнозинство, рече Џафер.