дома Македонија ЏАФЕРИ НАЈАВУВА: Собранието ќе се pacпушти на 11 февруари

ЏАФЕРИ НАЈАВУВА: Собранието ќе се pacпушти на 11 февруари

Собранието ќе се распушти на 11 февруари најави Претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој вели дека ќе го почитува Уставот за престанок на работата на пратениците кој е 60 дена од одржување на изборите. Следниот ден Џафери ќе ги распише изборите за 11 април.

Џафери денеска објасни нема да го свикува Собранието доколку по 11 февруари треба да се ратификува Протоколот за НАТО бидејќи немал законска можност.

Тоа вели ќе биде оставено за следниот парламентарен состав и оти на ова партиите кои ги договарале изборите требало да мислат навреме.