дома Македонија ЏАФЕРИ НА ПОДАРОК ЈА ДОБИ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Изјави дека се надевал дека...

ЏАФЕРИ НА ПОДАРОК ЈА ДОБИ ГОЛЕМА АЛБАНИЈА: Изјави дека се надевал дека ќе ја постигнат целта, да се обединат

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја доби на подарок „Голема Албанија“. Тој во гостување во телевизиско шоу од пејач на народни песни Азис Морина доби слика на која е претставена „Голема Албанија“ и пријатно изненаден од подарокот му се заблагодари на естрадниот уметник.

– Благодарам многу, се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел, да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа – рече Џафери.