дома Македонија ЏАФЕРИ ПОТВРДИ: Предвремени парламентарни избори нема да има, немало време за Пржинска...

ЏАФЕРИ ПОТВРДИ: Предвремени парламентарни избори нема да има, немало време за Пржинска влада

Талат Џафери ги потврди сомнежите дека предвремени парламентарни избори нема да има. Причината за тоа е нејасна, но Џафери вели дека проблемите се технички, односно нема доволно време за остварување на Пржинскиот договор и 100 дена техничка, односно пржинска влада. Сепак во јавноста се погласни се шпекулациите дека ваквата одлука владеачката коалиција ја има донесено благодарение на нискиот рејтинг кој е во слободен пад и подемот во рејтиногот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако една партија бара предвремени избори теба да обезбеди мнозинство за техничка влада. Согласно Пржинскиот договор, има рокови кои не можат да испочитуваат и да има предвремени парламентарни со претседателските избори. Единствено ако не се изменат и дополнат законите кои потекнуваат од Пржинскиот договор, рече вечерва Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21.