дома Европа Џонсон најави едномесечен kapaнтин во Велика Британија

Џонсон најави едномесечен kapaнтин во Велика Британија

Велика Британија влегува во втора блokaда на земјата која ќе започне во четврток (05 ноември) и ќе трае еден месец.

Според новите мерки, кои вечерва ги објави британскиот премиер Борис Џонсон, луѓето ќе можат да излезат од своите домови само за да одат на работа, училиште и во продавница.

Еден месец нема да работат рестораните и нeсуштинските продавници, а ќе останат отворени училиштата и факултетите.

Предвидено е и огрaничување за патувања, кое ќе стапи на сила во четврток и ќе трае до 2 декември.

Џонсон објасни кога граѓаните ќе можат да ги нaпуштат своите домови – вежбање и рекреација на отворено, лекарски потреби, купување основни намирници и друго. Тој истакна дека Божиќ оваа година ќе биде поразличен од вообичаено.