дома Европа Џонсон: Ќe вakциниpaмe 24 чaca, 7 дeнa вo нeдeлaтa

Џонсон: Ќe вakциниpaмe 24 чaca, 7 дeнa вo нeдeлaтa

Британскиот премиер Борис Џонсон објави дека владата ќе почне програма за вакцинација што е можно поскоро, што ќе се одвива 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Тој истакна дека постои и проблем со ограничени дози вакцини против коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

„Одиме на програмата 24/7 што е можно поскоро“, рече тој во парламентот.

Тој рече дека построгите рестриктивни мерки донесени минатата недела почнуваат да даваат резултати во некои делови на земјата, но додаде дека сè уште е рано да се процени.