дома КОВИД-19 (Коронавирус) Џо Бајден ги објави резултатите од kopона тестот

Џо Бајден ги објави резултатите од kopона тестот

Иако Трамп и Бајден нe се ракуваа ниту се приближуваа еден до друг во дебатата, а извор запознат со тоа за Си-Ен-Ен изјави дека точното растојание помеѓу подиумот на Трамп и Бајден на дебатата било 3,86 метри, противкандидатот на актуелниот претседател беше тестиран за ковид-19.

Бајден по добивањето на резултатите се огласи на Твитер и рече дека тој и неговата сопруга се негативни.

„Среќен сум што можам да ве известам дека резултатите од тестот за коронавирус за мене и Џил се нeгативни. Благодарност до сите што ни испратија пораки. Треба да се потсетиме: носете маски, држете се на растојание и мијте ги рацете”, порача Бајден.