дома Свет Џо Бајден дoзвoли yпoтpeбa на тkивo од aбopтиpaни бeбињa да се користи...

Џо Бајден дoзвoли yпoтpeбa на тkивo од aбopтиpaни бeбињa да се користи за мeдицинckи иcтpaжyвaњa

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја укина забраната за употреба на фетално ткиво во научни и медицински цели, која ја донесе претходниот американски претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк Тајмс“.

Истражувањата со ткиво од абортирани фетуси би требало да обезбедат нов третман во борбата против ракот и ХИВ/Сида, но и како лек против коронавирусот.

Според новите правила кои ги објави американскиот Национален институт за здравје, на научниците им се дава правото да користат фетално ткиво од абортуси кои се направени по сопствен избор при научната работа.

Минатата година бившиот претседател на САД Доналд Трамп доби терапија токму од фетално ткиво во борбата против коронавирусот, иако токму тој стави забрана на користењето на фетално ткиво за медицинска употреба.