дома Хроника Џaбиp Дepaлa фaтeн како kpaдe

Џaбиp Дepaлa фaтeн како kpaдe

Таканаречениот НВО активист Џабир Дерала, истиот човек кој на речиси сите митинзи на СДСМ беше меѓу главните говорници, е фатен во кражба, но наместо да ја признае вината и да ја надомести штетата фаќал „врски“

Барем така стои во објавата на фоторепортерката Арбнора Мехмети, која на ФБ објави дека Дерала на неговиот портал без дозвола објавувал нејзини фотографии.

Кога бил соочен со опомена пред тужба за кражбата на авторските права на фотографиите, наместо да ја прифати вината и да го плати трудот на Мехмети, тој „фаќал“ врски кај нејзиниот претпоставен Ерол Ризаов, кој пак и вршел притисок да се откаже од тужбеното барање. Бидејќи не го прифатила притисокот, добила отказ.