дома Свет Ќе поскапат авиолетовите поради бopбата со климатските промени

Ќе поскапат авиолетовите поради бopбата со климатските промени

Борбата со климатските промени ќе ги направи летовите поскапи, изјави директорот на „Делта ерлајнс“, Ед Бастијан за Би-Би-Си, потсетувајќи дека втората по големина авиокомпанија во светот се обврза да потроши 1 милијарда долари во следната деценија за да го елиминира јаглерод диоксидот што го испуштаат нејзините авиони.

– Со тек на време сето тоа ќе не чини повеќе, но тоа е вистинскиот пристап што треба да го направиме, изјави Бастијан, пренесува агенцијата ФоНет.

„Делта ерлајнс“ претходно објави дека инвестирала 30 милиони долари годишно во мерки за намалување на штетните емисии на гас и дека од март минатата година постигнала „нулта нето емисија на јаглерод диоксид“.

Повикувајќи се на податоци од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Би-Би-Си потсетува дека воздухопловната индустрија е одговорна за околу два и пол отсто од емисиите на јаглерод диоксид и до тој степен влијае на глобалното затоплување.