(Видео) Херој: Таксистот го заклучил бомбашот во возилото пред болницата во Ливерпул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице загина во експлозија на такси во Ливерпул кога бомбаш самоубиец активирал бомба. За среќа таксистот преживеа, а избегната е поголема трагедија со оглед на тоа што експлозијата се случила пред болницата.

Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање, пишува Дејли Мејл.

Се чини дека таксистот Пери (45) бил заложник на бомбашот и дека им дал знак на граѓаните да не се приближуваат кон автомобилот, бидејќи на видеото се гледа како само неколку секунди по експлозијата, маж притрчал до возилото и го извлекол.

Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да трча во болницата и да ја активира бомбата.

Се смета дека станува збор за терористички чин, дека целта всушност била катедралата во Ливерпул, каде во моментот на нападот имало многу луѓе, но дека поради гужвите во градот, бомбашот го пренасочил таксистот во болницата во која имал намера да го изведе крвавиот масакр.

Мотивите за експлозијата се уште не се познати, како и кој е бомбашот самоубиец, но мажи на возраст од 21, 26 и 29 години се уапсени во областа Кенсингтон во Ливерпул поради сомневање дека се вмешани во експлозијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This