Втopиoт блoк нa PEК Битoла од cинoќa пoвтopно вклyчeн во електpoeнepгетскиот cиcтем

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Блок 2 на РЕК Битола од синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, соопшти АД ЕСМ.

На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет.

Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, информираат од АД ЕСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This