дома Европа ЕУ ѝ се зakaни на Унгарија со финансиски казни докoлку не ги...

ЕУ ѝ се зakaни на Унгарија со финансиски казни докoлку не ги промени процедурите за азил

Европската комисија денеска соопшти дека ќе ја упати Унгарија пред Судот на правдата на Европската унија бидејќи не ги променила процедурите за азил во согласност со судската одлука и препорача долгорочни финансиски казни додека Будимпешта не ја почитува одлуката.
ЕК во соопштение наведе дека Унгарија до денес не разгледала неколку аспекти на пресудата, пренесе АП.
Конкретно, Унгарија не ги презеде неопходните мерки за да обезбеди ефективен пристап до процедурата за азил, се вели во соопштението.
Државата, како што се наведува, не ги појаснила ниту условите во врска со правото на престој на територијата во случај на жалба во постапката за азил, се додава во соопштението.

Барањето дојде откако судот на ЕУ во декември пресуди дека Унгарија не го почитувала правото на ЕУ со тоа што им забранувала на луѓето да влезат во земјата без дозвола да аплицираат за азил и незаконски ги задржувала во „транзитни зони“ на нејзината граница со Србија.
Комисијата денеска побара од судот на ЕУ да и изрече казни на Унгарија во вид на паушална и дневна парична казна, јави Танјуг.