April 19, 2024, 10:16 am

Каракачанов доживеа вистински дебаkл на денешните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Партијата на Красимир Каракачанов, ВМР0-БНД, доживеа вистински дебакл на денешните парламентарни избори во Бугарија, освојувајќи околу еден отсто од гласовите, што значи дека останува без пратеничко место во новиот парламент.

Според излезните анкети кои ги објавија повеќе агенции за истражување на јавното мислење, ВМРО-БНД освоила помеѓу 0,9 и 1,2 отсто од гласовите на изборите, што е досега најлош резултат за крајнодесничарската партија, позната по негирањето на македонскиот јазик и нација.

Лидерот Красимир Каракачанов по гласањето денеска изјави дека гласал за „луѓе што можат да управуваат“.

„Гласав за луѓе кои можат да управуваат. Луѓе со карактер, а не креатури на разни надворешни економски или политички интереси“, изјави Каракачанов.

Аналитичарите велат дека голем дел од досегашните гласачи на ВМРО-БНД го дале својот глас за популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов, која освои околу четири отсто од гласовите, што е прагот за влез во Pарламентот.

Излезноста, според Галуп, била 35,5 отсто, а 1,8 отсто од гласачите ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

Ова е трет обид да се постигне мнозинство што ќе успее да состави влада во земјата, откако првите два обида од последните два циклуса парламентарни избори, беа неуспешни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This