дома Социјални Мрежи Мицкоски со синот Јован на трибини: Ова е ваша победа за нашата...

Мицкоски со синот Јован на трибини: Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со синот Јован го следеше натпреварот на македонската фудбалска репрезентација против Исланд на Националната арена во Скопје. Тој им честиташе на фудбалерите на одличната игра и успехот.

Љубовта кон фудбалот и црвено жолтата се стекнува, но и пренесува од татко на син. Со Јован гледаме врвен фудбал среде Скопје. Честитки до фудбалерите кои со срце на терен се изборија за Македонија!
Ова е ваша победа за нашата заедничка Македонија!, порача Мицкоски.