March 29, 2024, 11:00 am

(Фото) Србите играат мајтап со Роналдо: Ништо не е изгубено, има бараж – само да не ви се погоди Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар 2022 година. Фудбалерите на нашиот северен сосед во Лисабон ја совладаа Португалија со 1-2. Пред оваа средба Кристијано Роналдо испрати кратка порака на социјалните мрежи која предизвика бурни реакции во Србија. Но, се чини ѕвездата на Јунајтед избрза, многу рано прогласи победа и пласман на Мундијалот. Последниот збор сепак го имаа српските репрезентативци, пренесува Спортмедија.

По завршување на овој натпревар на социјалните мрежи може да се прочитаат најразлични постови, секако на сметка на Роналдо.

Еден од нив дефинитивно е број еден.

„Не грижи се, Кристијано. Па, мајка му, сè уште ништо не е изгубено, тука е баражот. Под услов да ја избегнете Македонија. Ако не, тогаш можеш веднаш да ја фрлиш лентата“.

Извор: Спортмедија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This