Стојкоски: Долгот на општина Ѓорче Петров е над два милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За жал, општинските долгови се многу големи. Со пресекот кој го добив утрово, до 31.10, по доспеани фактури, долгот изнесува околу 139 милиони денари, ненаплатени парични побарувања. Тоа е голема сума на пари. Негде над 2 милиони евра, констатира градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Дополнително имаме скоро исто толкава сума на пари по однос на склучени договори, но тоа зависи како ќе се реализира со понатамошниот дел од буџетската година. Тоа што го разговарам со луѓето од Секторот за финансии се очекувања, ова што го кажав како затекнати и ненаплатени долгови, да стигне повеќе од 180 милиони до крајот на годината. Но, за тоа ќе можеме релевантно да кажеме по пресекот на четвртиот квартал. Дополнително на тоа, имаме четири кредити, дел завршуваат наредната година, дел почнуваат по период од една до две години. За жал, финансиската позиција на Ѓорче Петров не ни е сјајна. Затоа ќе мораме да се однесуваме подомаќински и поодговорно, доколку сакаме, а сакаме да излеземе во пресрет на реалните потреби кои ги имаат граѓаните во Ѓорче Петров и да реализираме капитални проекти“, кажа Алекснадар Стојкоски, градоначалник на Ѓорче Петров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This