Хорор: Шест лица претепале цело семејство во Скопје и му ја демолирале куќата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица – петмина мажи и една жена, за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 19 до 42 години, на 12 ноември, влегле во куќата на едно оштетено лице на улицата „Морава“ и во група извршиле грубо насилство.

Со употреба на секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож.

Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди и предизвикувајќи чувство на несигурност и страв.

За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.​​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This