АА и Алтернатива контра СДСМ: Невработеноста, енергијата и цените зголемени неколку пати повеќе од просечната плата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива реагираше на наводите соопштени на прес-конференцијата на СДСМ.

СДСМ и Владата предводена од оваа партија заедно со ДУИ, се обидоа уште еднаш да го покријат нивниот неуспех во справувањето со кризата од пандемијата, преку половични податоци. Денеска преку потпаролката Богданка Кузеска, СДСМ се пофали дека просечната плата пораснала за 6.8%, презентирајќи го оваа како успех при справување со економските последици кои ги донесе пандемијата КОВИД19. Оваа не може да се нарекува успех, бидејќи вистината зборува за една отежната економска и социјална ситуација. Самите граѓани најдобро го чуствуваат тоа дека растот на просечната плата не придонесува никакво олеснување за нив, во ситуација кога електричната енергија поскапи за 7.5% во Август и има најави дека ќе поскапи уште повеќе.
Во последните месеци неколкупати повеќе од просечната плата поскапиле базичните прехрамбени производи, зејтинот од 60 на 100 денари, што е за 65% повеќе, овошјето за 2.3%, пијалоците за 1%, шеќерот за 0.8 денари и многу други производи. Во последната година, речиси 20 илјади граѓани ги изгубиле своитњ работни места. Да не заборавиме дека просечната плата се пресметува преку највисоките плати на функционерите кои се помалку на број и ниските плати на граѓаните кои се огромното мнозинство.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This