March 29, 2024, 12:19 pm

АА co клyчни пpaшaњa вo вpcкa co пoжapот дo oпштинaтa и бoлницaтa: Зoштo нeмaшe aлapм зa пoжap, зaштитнa oпpeмa и кoj ja инcтaлиpaл cтpyjaта?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци сме дека во изминатите неколку дена се прават различни обиди од надлежните институции да избегаат од одговорноста за горењето на живите 14-те лица во модуларната болница во Тетово. Јасно се гледа, како и во многу други случаи, дека се обидуваат на крајот никој да не одговара и виновниците да останат анонимни, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Алијанса за Албанците.

-Како што знаете, модуларните болници во земјата се изградени со средства на заем од Светска Банка. Ја видовме тендерската документација, која меѓу другото јасно покажува кои институции се надлежни за заштита од пожари, а овие институции се Тетовската болница и Општина Тетово. Според третиот дел од тендерската документација – План за мониторинг, предвидено е модуларната болница да има План за заштита од пожари и спроведување мерки за заштита. Утврдено е дека општинските инспектори, директорот на болницата и одговорните лица вработени во болницата се одговорни за овие планови и мерки, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека откако општина Тетово побрза да ја тргне одговорноста од себе, прво јавно ја прашуваме градоначалничката на Тетово:

– Дали сте спровеле процедура за инспекција за заштита од пожар како што бара постапката? Ако не, зошто не?

Исто така, јавно ги прашуваме општината, болницата и сите други релевантни институции:

– Зошто немаше аларм за пожар во модуларната болница?

– Зошто во модуларната болница немаше опрема за заштита од пожар?

– Знаеме дека главен изведувач беше фирмата Брако на вашиот долгогодишен партнер Кочо Анѓушев. Дали имало подизведувачи и кои се тие? Особено прашуваме, кој ја инсталирал електричната мрежа?

– Дали објектот бил надгледуван и технички прифатен? Кој го направи надзорот?, прашуваат од Алијанса за Албанците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This