Абер нема Филип Темелковски од чистење на улиците во неговата општина, откако два дена снежни врнежи ја блокираа целата општина
Нема ниту една чиста улица во општина Кисела Вода, а под снежна обвивка се и главните улици како „Огњан Прица“ и „Востаничка“. Во споредните улички жителите се приморани да се снаоѓаат сами, па импровизирано се обидуваат да го исчистат снегот.
Сол и ризла, нема ни за лек.