Авганистанците влегоа во Кабул: Талибанците на 50 километри од главниот град, Американците молат да ja поштедат амбасада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талибанците се на само 50 километри од Кабул, струјата и патните врски утрово беа прекинати пренесува Руската информативна агенција.

Американските преговарачи се обидуваат да добијат уверувања од талибанците оти тие нема да ја нападнат амбасадата на САД во Кабул ако екстремистичката група ја собори авганистанската влада, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на изјавите на официјални лица.

Напорите предводени од Залмај Хализад, главниот американски претставник во преговорите со талибанците, имаат цел да избегнат потполна евакуација на амбасадата додека екстремистите брзо заземаат територија.

Стејт департментот вчера соопшти дека ќе евакуира одреден број од 1.400-те Американци стационирани во амбасадата во Кабул. Амбасадата апелираше до Американците кои не работат за владата на САД веднаш да го напуштат Авганистан со комерцијални летови. Маршот на талибанците ги стави странските амбасади на штрек, поради очекуваното насилство, додека повеќе дипломатски претставништва веќе се затворени.

Претседателот на САД, Џо Бајден по повлекувањето на американските војници од Авганистан истакна дека Авганистанците сега мора сами да се борат со талибанците.

– Но, тие мора да сакаат да се борат, посочи Баједн

Неговата изјава уследи откако талибанците вчера освоија неколку главни градови на провинции. Од почетокот на мај, кога почна повлекувањето на меѓународните сили талибанците зазедоа поголема територија.

Талибанската вооружена група ги презема провинциските престолнини, Теренкот, Пул-е Алам, Феруз Кох, Кала-е-Нау и Лашкар Гах во рок од неколку часа по заземањето на градовите Херат и Кандахар.

Досега има контрола над 17 провинциски престолнини низ Авганистан.

Авганистан движи кон граѓанска војна и Западот мора да разбере дека Талибанците не се единствен ентитет, рече министерот за одбрана на Обединетото Кралство.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации ги повика соседите на Авганистан да ги држат границите отворени, бидејќи талибанските напредок ја зголеми кризата во земјата.

Светската програма за храна гледа дека недостатокот на храна во Авганистан е „доста страшен“ и се влошува, додава портпаролот, велејќи дека ситуацијата ги има сите белези на хуманитарна катастрофа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This