дома Македонија Авганистанците ќе не чинат 74 илјади денари: Ќе примиме повеќе во однос...

Авганистанците ќе не чинат 74 илјади денари: Ќе примиме повеќе во однос на други држави затоа што имаме поголемо срце, вели 3aeв

Премиерот Зоран Заев изјави дека згрижувањето на Авганистанците ќе ја чини државта вкупно 74.000 денари, но дека не се знае точно колку од нив ќе пристигнат во земјава затоа што бројката постојано се менува, како што вчера дел се откажале и заминале на други дестинации.

Заев изјави дека со згрижувањето на граѓаните од Авганистан, ќе ја испратиме клучната порака, на солидраност и ќе покажеме дека мала земја како нашата, рамо до рамо со развиените држави, подава рака и во најтешките моменти.

Зошто се определивме за поголема бројка од некои поголеми држави? Зашто веројатно имаме поголемо срце, зашто сме повеќе луѓе, зашто живееме во регион кој трпел конфликти, пател и знае што е солидарност. Такво е и Скопје кое ја испрати пораката за солидарност во 1963 година. Се работи за прашањето дали сме луѓе или не, да подадеме рака. И еден човек да спасисме, мислам дека го спасуваме светот. Ние се јавивме и се понудивме заедно со стратешките партерни да го споделиме тоа што значи одговорност, принципи и вредност – изјави Заев.

Тој повтори дека е многу важна подготвеноста на една мала земја, тука, во срцето на Балканот, рамнорпавно со целиот демократски свет, да ја испрати пораката на човечноста и хуманоста.

Премиерот дополни дека од авганистански граѓани прво ќе стигат миротворци, активисти за човекови права, новинари, преведувачи, жени, деца, асистенти на нашата Армија кои за 19 години опслужиле 3.500 македонски војници.