Авгaниcтaнка се пoрoди во вoeн авиoн за евaкуaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авганистанка се породила во американскиот воен лет за евакуација, веднаш штом авионот слетал на воздухопловната база Рамштајн во Германија, објавија американските воздухопловни сили на социјалните мрежи.

Објавени беа и слики од излегување од авионот. Според информациите, жената родила девојче.

Првите евакуациски летови од Кабул до американската база Рамштајн во Германија започнаа во петокот доцна навечер и таму веќе пристигнаа над 2.000 бегалци.

Тие велат дека жената добила породилни болки за време на вториот дел од летот од Кабул, од базата на Блискиот Исток, не прецизираат која, до Германија.

Американските воздухопловни сили раскажаа дека имало компликации додека авионот летал над 8534 метри надморска височина поради помалиот воздушен притисок во авионот. Но, бидејќи на бремената жена ѝ се слошило, командантот отишол пониско за да го зголеми притисокот во воздухот и на тој начин и го спасил животот, пренесува Си-Ен-Ен.

Мајката и бебето потоа биле пренесени во блиската медицинска установа каде што се во добра состојба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This