дома Македонија Авион „Боинг 737“ два часа кружи над Скопје, не може да слета...

Авион „Боинг 737“ два часа кружи над Скопје, не може да слета заради силниот ветер

Авион Боинг 737-752 кој требаше да слета во Скопје, а доаѓа од Инстанбул, Турција не може да слета на скопскиот аеродром поради силен ветер. Авионот во моментов кружи во воздух помеѓу Велес и Кавадарци.

За ТВ21 од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ја потврдуваат информацијата и велат дека еден авион веќе бил пренасочен кон Охрид.

Авионот доцни веќе два часа, требаше да слета во 20 часот!