дома Европа Авион на Визер поради удар од гром наместо во Кавала принудно слетал...

Авион на Визер поради удар од гром наместо во Кавала принудно слетал во Софија

 

Авион на компанијата Визер, кој летал од Грузија до Кавала, бил принуден да слета на аеродромот во Софија поради удар од гром, јави грузиската телевизија Рустави – 2.

Во авионот имало 170 патници и членови на екипажот. Никој не е повреден.

На аеродромот во Софија, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, во моментот се врши контрола на авионот.