дома Балкан Авион принyдно слета на аеродромот во Софија откако пoчинaла патничка

Авион принyдно слета на аеродромот во Софија откако пoчинaла патничка

Авион на Пакистанската ерлајнс синоќа принудно слета на аеродромот во Софија, соопштија бугарските власти. Како што јави дописникот на МИА од Софија, авионот слетал вчера во 19:22 часот.

Причината за итно слетување беше тоа што жена, пакистанска државјанка, починала во авионот. Патниците беа сместени во хотел во Софија и денеска во 13 часот авионот полетал на пат од Париз до Исламабад.