АВМУ: Медиумите да даваат точни и проверени информации за несреќата во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги апелира до медиумите да известуваат без сензационализам за автобуската несреќа во Бугарија и исклучиво да се водат согласно професионалните новинарски стандарди и принципи.

– Информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави. Имајќи ги предвид размерите на трагедијата, Агенцијата апелира радиодифузерите да ја прилагодат својата програма и да емитуваат содржини соодветни за вакви настани, односно да не емитуваат забавна програма. Истовремено, доколку се во можност треба да го прекинат и емитувањето реклами, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This