дома Македонија АВМУ СО ЛЕКЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС: Од Агенцијата за медиуми...

АВМУ СО ЛЕКЦИЈА ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС: Од Агенцијата за медиуми го повикаа ОЈО да го повлече обвинението против Митовски

Реакција и лекција за значењето на јавниот интерес, а по повод обвинението за уредникот на Инфомакс.мк Александар Митовски утрово објави и Агенцијата за адуио и аудиовизуелни медиумски услуги – АВМУ

По повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот „Infomax.mk”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги истакнува дека објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи.

Медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат превид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес.