дома Македонија АВМУ СО ПРЕПОРАКА ДО РАДИОДИФУЗЕРИТЕ: Програмата да се прилагоди на деновите на...

АВМУ СО ПРЕПОРАКА ДО РАДИОДИФУЗЕРИТЕ: Програмата да се прилагоди на деновите на жaлocт!

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги повикува радиодифузерите да ја прилагодат програмата, така што музиката ќе биде од жанрови соодветни за денови на жaлocт, со оглед на тоа што поради тpaичнa сообраќајна нecpeќa што се случи на патот Скопје – Тетово за вакви денови се прогласени 14 и 15 февруари.

-Воедно, емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи за други денови од седмицата. Доколку тоа го дозволуваат веќе склучените договори, препорачливо е овие два дена да не се емитува рекламирање, се наведува во соопштението.

Воедно АВМУ информира дека јавниот радиодифузен сервис и радиостаниците кои доброволно пријавиле дека ќе емитуваат одреден процент домашна музика од македонски автори и автори на етничките заедници, на 14 и 15 февруари се ослободуваат од ваквата обврска.