дома Балкан Австрискиот Претседател Ван дер Белен разговарал со Радев за Македонија

Австрискиот Претседател Ван дер Белен разговарал со Радев за Македонија

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен, денес остварил телефонски разговор со својот колега од Бугарија Румен Радев, во главна тема била европската интеграција на Македонија.

Радев притоа ја истакнал позицијата на својата земја дека „продуктивниот двостран дијалог меѓу Софија и Скопје е незаменлив инструмент за надминување на спорните прашања во билатералните односи и Бугарија очекува конкретни резултати од него“, соопштија од прес-службата на бугарскиот Претседател.

Бан дер Белен изразил и сочувство за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 македонски државјани.