дома Европа АВСТРИЈА ГО ПРЕДВИДЕ КРАЈОТ НА МЕРКЕЛ: Вицеканцеларот Кристијан Штрахр предивдува крај на...

АВСТРИЈА ГО ПРЕДВИДЕ КРАЈОТ НА МЕРКЕЛ: Вицеканцеларот Кристијан Штрахр предивдува крај на Меркел поради камповите за мигранти!

Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахр проценува дека внатрешниот спор околу политиката за азил би можел да значи политички крај на канцеларката Ангела Меркел.

Тој, во шоуто “Во центар” на австриската државна телевизија ОРФ, рече дека Меркел била ослабена од спорот.

“Гледаме дека расте незадоволството на германската популација со канцеларката. Ако нема промена во ставот, тоа би можело да биде нејзин политички крај “, истакна Штрахе.

Критикувајќи каполитиката на “добредојде” на Ангела Меркел, Штрахе рече дека се повеќе и повеќе луѓе во Европа ја поддржуваат политиката на Партија на слободата на Австрија (ОРФ) и ставот дека мора да се запре миграција на надворешните граници на ЕУ.

Тој, исто така, изрази целосно разбирање за позицијата на германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, кој сака илегални имигранти кои веќе се регистрирани во една од земјите на ЕУ да се одвраќаат вратат од германската граница.

“Неопходно е на досегашната погрешна политика на ЕУ да и се стави крај и да се создаде притисок со цел да се постигне европско решение.”, рече Штрахе.

Ако Германија почне да враќа мигранти, Австрија ќе ја примени истата мерка, објави тој.

“Ако Зехофер ја примени оваа мерка, тогаш Австрија ќе биде принудена да ги обезбеди своите граници. Ова ќе создаде домино ефект, кој ќе ги направи членките на ЕУ поактивни и на крајот ќе изврши притисок врз Европската комисија, бидејќи е неопходно да се поттикне поефикасна заштита на надворешните граници “, објасни тој.

Неопходно е да се каже “стоп” и да се изградат центри за прифаќање на мигранти надвор од ЕУ, смета Страха.