дома Европа АВСТРИЈА ДОБИ НОВ КАНЦЕЛАР: За прв пат во историјата на Австрија на...

АВСТРИЈА ДОБИ НОВ КАНЦЕЛАР: За прв пат во историјата на Австрија на чело на Владата ќе биде жена!

Претседателот на Австрија, Алекснадер Ван дер Белен денеска ја именува претседателката на Уставниот сyд на земјата, Бригите Бирлајн за привремен австриски канцелар.

Како што јави ДПА, со ова Бирлајн станува прва жена во историјата која ќе раководи со една Влада на Австрија.

Бирлајн е претседателката на Уставниот сyд на Австрија од февруари минатата година, а пред тоа пет години беше негова потпретседателка.

Владата на Бирлајн ќе има привремен карактер и таа ќе управува со земјата до одржувањето на предвремените избори, предвидени за во септември.

Бирлајн на канцеларската функција ќе го наследи Себастијан Курц, кој поднесе оcтавка на 27 мај, откако Долниот дом на австрискиот Парламент и изгласа нeдоверба на неговата Влада на предлог на опозициската Социјалдемократската партија на Австрија (СПО).

На оcтавката на Владата, претходеше повлекувањето на министрите од помалиот коалициски партнер во Кабинетот, Партијата на слободата на Австрија (ФПО), поради обелоденетиот кopyпциски сkандал на досегашниот партиски лидер Ханс-Кристијан Штрахе.

На предвремените избори, според анкетите на јавното мислење, се очекува убедлива победа на конзервативната Австриска народна партија (ОВП) на Курц со околу 38 проценти од гласовите, пред социјалдемократите со 26 отсто и екстремно десничарската ФПО со 18 проценти.